Германската репрезентација по 70 години го напушта Адидас

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) во четвртокот објави дека потпишал договор за партнерство со американскиот гигант во производствто на спортска опрема Најк за периодот од 2027 до 2034 година, што значи дека репрезентацијата по седум децении нема да ја опремува германскиот производител Адидас.

– Најк ќе ги опреми сите репрезентации на ДФБ и ќе го промовира германскиот фудбал во целост. Најк ја претстави убедливо најдобрата економска понуда, чиј износ нема да го откриеме, изјави претседателот на Управниот одбор на ДФБ, Холгер Бласк.

Веста доаѓа само неколку дена откако Адидас ја претстави новата колекција резервни комплети на популарните „елфови“. Тие се во светло розова боја, што предизвика многу критики од навивачите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО