Тениската репрезентација на Германија доцна синоќа успеа да постигне победа за пласман во полуфиналето од Дејвис купот. Во последното четвртфинале Германија ја совлада Аргентина со 2:1 и со пресврт стигна до триумфот.
Во првиот меч водство за Аргентина донесе Томас Етчевери, кој со 2:0 (7:6(3) и 7:6(7)) во сетови го совлада Јан-Ленард Штруф. Очекувано Александер Зверев изедначи на 1-1 со победата над Франциско Серундоло добивајќи го мечот со 2:0 (6:4 и 7:6(3)). Во мечот во двојки Аргентина поведе откако го доби првиот сет со 6:4, а со истиот резултат германската двојка стигна до изедначување. Во решавачкиот сет беше 7:6 (12:10) за германската комбинација Кевин Кравец и Тим Пурц.
Во денешното прво полуфинале играат Италија – Белгија, додека утрее мечот меѓу Шпанија и Германија.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: