Германскиот централен напаѓач Никлас Фулкруг (32), кој сезонава сè уште нема постигнато гол за Вест Хем, ќе му се приклучи на Милан на шестмесечна позајмица во јануарскиот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми, додавајќи оти двата клуба веќе ги договориле сите детали од договор.
Фулкруг треба да ги мине медицинските прегледи во Милано пред Божиќ.
Според медиумите, германскиот фудбалер се согласил на намалување на платата со цел да се забрза договорот за позајмица со Милан. Италијанскиот клуб ќе може да го откупи договорот на Фулкруг на крајот од сезоната, а медиумите проценуваат дека тоа ќе чини помеѓу 11 и 13 милиони евра.
Фулкруг пристигна во Вест Хем минатото лето од Борусија Дортмунд, во летото минатата сезона, по одличните настапи во германскиот клуб за кој постигна 15 голови и имаше 10 асистенции.
ФОТО: Архива
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: