Реал Мадрид вечерва го победи Бетис со 5:1 на свој терен во натпревар од 18. коло на шпанската Ла Лига.
Фудбалерот на домаќините, Гонзало Гарсија, постигна хет-трик, додека Раул Асенсио и Фран Гарсија постигнаа по еден гол за мадридскиот тим. Кучо го постигна единствениот гол за гостите.
Реал Мадрид е втор на табелата во шпанското првенство за сезоната 2025/26 со 45 бода од 19 натпревари. Бетис е шести со 28 бода од 18 натпревари.
Бетис ќе го игра својот следен натпревар од Ла Лига на 10 јануари, на гостински терен против Овиедо. Реал Мадрид ќе го пречека Леванте на 17 јануари.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: