Играчот од средниот ред на Челси, Конор Галагер се согласи да мине во Атлетико Мадрид. „Сините“ ја прифатија понудата од 33 милиони фунти од шпанскиот клуб минатата недела, но имаше загриженост за тоа дали англискиот репрезентативец е заинтересиран да го направи овој потег.
Но, синоќа, Галагер (24) им кажал на челниците на Атлетико дека е среќен што ќе биде дел од мадридскиот тим. Сега останува репрезентативецот на Англија да ги заврши медицинските прегледи и да стави потпис на договорот, со што ќе заврши неговиот 18-годишен престој на „Стемфорд бриџ“
Челси му понудил двегодишен договор со опција за дополнителна година, но Галагер го оценил како неповолен поради должината на договорот и понудената улога во тимот.
Постоеле недоразбирања меѓу Галагер и Челси бидејќи тој верувал дека лошо ќе се вклопи во стилот на игра на новиот менаџер Енцо Мареска, базиран врз посед и оти нема да биде редовен стартер.
Челси претпочиташе да го продаде Галагер во странство отколку на англиски ривал, па му дозволи на Атлетико да постигне договор за помала сума пари.