Денешната Боксинг деј програма во Премиер лигата, ќе биде одбележана со мега победата на Фулам на гостувањето кај Челси, 2:1. Откако претходно Манчестер сити повторно не победи (реми со Евертон дома, 1:1), што во моментов е вообичаено, и Челси прописно се избламира на домашен терен.
Се’ почна добро за домаќинот со голот на Кол Палмер во 16. минута, а и играта на домаќинот ветуваше три бода.
Во второто полувреме слична слика на Стемфорд Бриџ, но до 82. минута. Тогаш Хари Вилсон погодува за 1:1, а кога се мислеше дека Челси сепак, ќе дојде до ново водство, со оглед на атаците кон противничкиот гол се случи спротивното. Родриго Муниз реализираше за 2:1, за огромна радост на „гостите“, од соседството во јужен Лондон.
Екипата на Нотингем форест уште еднаш сезонава покажа дека е во супер форма, па денеска со голот на Еланга во 28. минута дојде до победа над Тотенхем.
Борнмут по сензационалниот триумф кај Манчестер кунајтед киксираше на домашен терен, со ремито без голови против Кристал Палас.
Њукасл со високи и убедливи 3:0 на свој терен го совлада во секој можен аспект, тимот на Астон вила. Вест хем беше подобар од Саутемптон на негов терен, 1:0.