Фулам се засили со Берге од Барнли

Фулам го ангажираше играчот од средниот ред на Барнли, Сандер Берге за 25 милиони фунти (околу 30 милиони евра). Норвешкиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со клубот од „Крејвен котиџ“, со опција за продолжување на уште 12 месеци.

Фулам треба веднаш да плати 20 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони во вид на бонуси.

Берге (26) му се приклучи на Барнли од Шефилд во 2023 година, одигра 37 меча ланската сезона и беше избран за најдобар клупски играч во годината во која испаднаа во Чемпионшип.

Играчот од средниот ред кој има одиграно 46 меча за Норвешка, е четвртото засилување за Фулам во летниот преоден рок, по пристигнувањето на Емил Смит Роу, Хорхе Куенка и Рајан Сесењон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО