Емил Смит Роу се договори со Фулам и до крајот на оваа недела ќе го облече дресот на малиот лондонски состав.
Како што објави „Скај Спорт“, Арсенал и Фулам постигнаа начелен договор за трансферот на 23-годишниот играч од средниот ред.
Износот на трансакцијата ќе биде рекордни 34 милиони фунти за Фулам, кој ќе ги плати во две ставки. Првата загарантирана сума е 27 милиони фунти, фиксно, додека 7 милиони се предвидени за бонуси.
Англичанецот оваа недела ќе ги помине медицинските прегледи за Фулам и ќе замине во Португалија да му се приклучи на својот нов тим на тренинг кампот во оваа земја.
Минатата сезона Смит-Роу забележа 13 настапи во Премиер лигата и 1 асистенција.