Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Во А групата, Фуксе Берлин победи во Битола убедливо со 30:22 (15:9).
Пелистер против фаворитот шансите за поволен резултат ги загуби во последните десетина минути од првото полувреме. Во тој период Фуксе Берлин направи серија 5:0 и дојде до највисоката предност 15:8.
Во вториот дел гермнскиот тим три пати имаше предност и од девет гола.
Најефикасни кај Пелистер беа Радивојевиќ со пет и Кузмановски со четири гола. Фуксе го предводеа Данците Андерсен со седум и Гидсел со шест гола.
Во наредното коло, на 26.септември, Пелистер ќе гостува во Букурешт.