Младиот играч на Барса поради повреда го пропушта мечот со Србија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените три недели поради повреда на тетивата, соопшти каталонскиот клуб. Пред два дена Лопез поради повреда го напушти тренинг кампот на шпанската репрезентација.

Барселона изјави дека по дополнителните прегледи било потврдено дека младиот фудбалер на каталонскиот клуб има проблеми со тетивата поради што ќе биде надвор од терените три недели.

Во текот на летото, Лопез (21) со селекцијата на Шпанија го освои Европското првенство (ЕП) во Германија, како и златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

„Црвена фурија“ во четврток од 20,45 часот и гостува на Србија во Белград во првото коло во Лигата на нации (ЛН). Ова ќе биде прв натпревар што ќе го одигра Шпанија по освојувањето на европската титула на 14.јули во Германија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО