Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со резултат 7:0

Фудбалерите на Барселона мелат се пред себе на стартот на сезоната во Ла Лига. И покрај тоа што каталонскиот тим се соочува со проблеми со повреди на неколку клучни играчи, оние што ги избра Ханси Флик ја одработуваат задачата.

Денеска во четвртото коло Барселона го смачка Ваљадолид со 7:0 и е на челот на табелата со максимални 12 бодови и гол разлика 13:3.

Рафиња постигна хет-трик (еден гол во прво, два во второто полувреме) по еден Роберт Левандовски, Жилс Кунде, Дани Олмо и Феран Торес. За Олмо тоа е трет гол на втор меч по ред во дресот на Барса.

Ламин Јамал асистираше за два гола, Левандовски и Рафиња за по еден.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО