Кошаркарската репрезентација на Франција ја совлада селекцијата на Канада со 82:73 и се пласира во полуфиналето на Олимписките игри (ОИ) каде што ќе игра против актуелниот светски првак, Германија.
Французите заслужено стигнаа до полуфинале, водеа буквално од првата до последната минута, и двоцифрено. На стартот од третиот дел имаа и +19 за да во финишот Канаѓаните малку се вратат .
на 2,14 минути до крајот, Лугенц Дорт „украде“ една топка и заби за 71:66. Но потоа Еван Фурније постигна пет поени по ред. Најпрвин од „пенал линијата“, а потоа тројка, речиси од половина терен, за 76:66.
EVAN FOURNIER FROM HALF COURT
OMG 🔥🔥🔥pic.twitter.com/pamte4GqAh
— NBACentel (@TheNBACentel) August 6, 2024
Гершон Јабуселе беше најдобар во редовите на „триколорите“ со 22 поени, а Кординие постигна 20. Фурније го заврши мечот со 15, а Матијас Лесор со 13 поени. Виктор Вембањама даде седум поени и 11 скока.
Од друга страна, само двајца кошаркари во редовите на Канада беа двоцифрени, Шеј Гилџес Александер даде 27, а АРЈ Берет 16 коша.