Французинот Батум ја завршува репрезентативната кариера

Легендарниот француски кошаркар, Николас Батум реши да и стави крај на репрезентативната кариера по Олимписките игри (ОИ) во Париз. „Триколорите“ во финалето беа поразени од САД со 87:98.

– Време е да се каже, доста е. Го носев овој дрес 15 години, четирипати бев на Олимписки игри, четирипати на Светски и четирипати на Европски првенства. Направив се’ што требаше да се направи, освоив седум медали. Пресреќен сум, вели Батум.

Но, овој 35-годишен кошаркар, ќе ја продолжи НБА кариерата и во следната сезона ќе настапува за Лос Анџелес Клиперс, клубот за кој играше од 2020 до 2023 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО