Францускиот интернационалец Џибрил Дианеси е нов фудбалер на ФК Вардар. Како што објавија денеска од клубот, францускиот интернационалец има 28 години, игра на позицијата напаѓач, а потекнува од академијата на Тулуз.
Претходно Дианеси има настапувано за екипи од Холандија, Франција и Белгија, како Фортуна Ситард, Мастрих, По, Номе Каљу, Ла Лувиер.
За Вардар ова е уште едно добро освежување на составот со нова управа која ќе се обиде да го врати тимот на посакуваните места во македонскиот фудбал.