ФОТО: Во Казабланка ќе се гради најголемиот стадион во светот. Може да биде домаќин на финалето на СП 2030 година

Светското првенство (СП) во фудбал во 2030 година ќе биде нешто посебно, бидејќи ќе се одржи на три континенти и во шест земји.

Европа ќе ја претставуваат Шпанија и Португалија, во Јужна Америка домаќини ќе  бидат Парагвај, Аргентина и Уругвај, додека Мароко ќе биде единственоот претставник на Африка.

За таа пригода Мароканците ќе градат нов стадион во Казабланка, тоа е „Гранд стад Хасан II“, а она што го издвојува е тоа што ќе биде со капацитет од речиси неверојатни 115.000 седишта, со што ќе биде најголемиот стадион на светот. .

Мароканските медиуми ги споделија првите дизајнерски фотографии од стадионот кој е „во игра“ и за домаќин на финалето на СП 2030-та, на кои може да се види како би требало да изгледа кога ќе биде целосно изграден.


Стадионот, ако се’ оди според планот, треба да биде навистина спектакуларен објект. Според локалните медиуми, изградбата треба да почне кон крајот на годината, а да  заврши во 2028 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО