Мароко ја совлада Аргентина со 2:1 во хаотичниот фудбалски натпревар на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Натпреварот го одбележаа инциденти. Судијата го продолжи натпреварот за 15 минути поради постојаното одолговлекување на мароканските играчи и поради навивачите кои влегуваа на теренот. Во 16. минута од судиското надополнување, Аргентина постигна гол за израмнување на 2:2, по што настана хаос.
На теренот беа фрлани чаши, шишиња и други предмети, а потоа беше фрлен и факел меѓу Аргентинците кои славеа од трибините. Потоа, неколку марокански навивачи влетаа на теренот кои обезбедувањето ги исфрли надвор.
На теренот влезе и полицијата за да ги заштити Аргентинците. Судијата Глен Ниберг веднаш ги повика играчите во соблекувалната, а на големиот екран на стадионот во Сент Етјен пишуваше: „Натпреварот е завршен, ве молиме одете до најблискиот излез“.
Откако стадионот беше евакуиран, судиите во ВАР собата го прегледаа голот на Аргентина и го поништија. По два часа прекин, натпреварот беше продолжен и завршен. Аргентинците и Мароканците одиграа уште три минути, а на крајот Мароко победи со 2:1. Со паузата натпреварот вкупно траеше нешто повеќе од четири часа.
➤ Minute 51. Argentina 0-2 Morocco.
➤ Minute 68. Argentina 1-2 Morocco.
➤ Fan invasions and constant waste of time.
➤ The central referee decided to add 15 minutes.
➤ Minute 90+16. Argentina 2-2 Morocco.
➤ After the Argentine goal, there were fan invasions and projectiles… pic.twitter.com/9LdiLGKpsz— Mezcal Vibes (@FPL_Mezcal) July 24, 2024
– Ова е најголемиот циркус што сум го видел! изјави лутиот Хавиер Маскерано, селекторот на аргентинската олимписка репрезентација.
Сево ова се случи по расистичкиот скандал што го направија Аргентинците по освојувањето на Копа Америка. Тие пеаја песна која расно ги навредува Французите чии родители се од африканско потекло.
Поради ова тие го навлекоа гневот на фудбалските навивачи ширум светот. Мароко е поранешна француска колонија во Африка, каде што францускиот е официјален јазик. Голем број Мароканци живеат во Франција и беа навредени од песната на Аргентинците.