(ФОТО) Соборени сите рекорди, продаден e најскапиот дрес на сите времиња!

Спортските фанатици знаат што значи да се има дрес на саканиот клуб или играч. Во денешно време не е тешко да се набави, бидејќи речиси секој клуб има „онлајн“ продавница, каде што ова парче ткаенина може да се купи за 70 до 80 долари.

Но, пред речиси 100 години тоа не беше случај и дресовите од тој период денеска се вистински реликвии. Еден oд нив вчера стана најскап на сите времиња.

На една аукција во САД беа урнати сите рекорди, бидејќи дресот на легендарниот бејзбол играч, Џорџ Херман „Бејб“ Рут од третиот натпревар од Светската серија во 1932 година беше продаден за вртоглава сума од 24,12 милиони долари!

За прв пат после 19 години споменатиот дрес на играчот на Њујорк јенкис се најде во продажба, и веднаш успеа да ги собори сите рекорди кога станува збор за спортски антиквитети.

До вчера најскапа спортски артикал беше оригиналната дрес реплика на Мики Ментл, исто така бејзбол играч, која во 2022 година беше продадена за 12,6 милиони долари.

Дресот на Рут според цената успеа да го надмине дури и дресот што го носеше Мајкл Џордан во НБА финалето 1998 година, кој се продаде за 10,1 милиони долари.

Последен пат дресот на Рут беше ставен на аукција во 2005 година, а она што е повеќе од интересно е што тогаш беше продаден за „само“ 940.000 долари, што значи дека неговата вредност е зголемена за околу 25 пати во минатите години.

Но, тогаш овој дрес не се поврзуваше со тој трет натпревар и решавачкиот погодок, туку беше потенцирано дека потекнува од меч од Светската серија.

– Ова е како Мона Лиза. Тоа е навистина митски момент, кој ја означува не само историјата на бејзболот, туку и на цела Америка и на поп културата, изјави директорот на аукцијата Крис Иви за американскиот ЕСПН.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО