(ФОТО) Шекуларац, „кралот на дриблингот“, добива споменик пред „Маракана“

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда во сабота, на 7 декември, пред натпреварот против Тексстилац, свечено ќе го открие споменикот на легендарниот фудбалер и „втората ѕвезда“ на Ѕвезда, Драгослав Шекуларац.

Шекуларац ќе остане запаметен како „кралот на дриблингот“. Неговите современици често истакнуваа дека никој пред или по него немал таква страст за фудбалот.

По поставувањето на споменикот на „првата ѕвезда“ на Звезда, Рајко Митиќ, пред седум години, сега во чест на уште една исклучителна фудбалска личност свечено ќе биде откриен споменикот и на Шекуларац.

Споменикот ќе биде поставен на западната страна на „Маракана“, во непосредна близина на клупската продавница на Црвена ѕвезда.

Драгослав Шекуларац е роден во Штип, Македонија, на 8 ноември 1937 година, а со головите и настапите во дресот на Ѕвезда ја заслужи титулата еден од најдобрите играчи на белградскиот клуб на сите времиња.

Популарниот Шеки за Црвена ѕвезда одигра 369 натпревари на кои постигна 115 гола, освои пет титули и три куп пехари. Како тренер во сезоната 1989/90, тој ја освои двојната круна создавајќи тим кој следната сезона го освои Купот на европските шампиони (КЕШ) и Интерконтиненталниот куп .

Споменикот направен од Ливница Јеремиќ е дело на академскиот скулптор и „ѕвездаш“, Тома Коматина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО