Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка на импресивен начин, без загубен сет, го освои Мастерс турнирот во Синсинати! Таа по 74 минути игра ја совлада шестата светска тенисерка, Американката Џесика Пегула со 6:3, 7:5.
Претходно во полуфиналето, Сабаленка ја победи првата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска и уште еднаш докажа дека е во фантастична форма.
Арина во претходните шест месеци имаше многу проблеми со повредите, преживеа и трагедија кога нејзиниот поранешен партнер си го одзеде животот, па овој трофеј, 15-ти во кариерата и беше добра сатисфакција.
Арина освои 1.000 поени и парична награда од 523.485 долари, а Пегула 650 поени и 308.320 долари.
Sexto WTA 1000 para 🇧🇾 Sabalenka:
🏆 Wuhan 2018
🏆 Wuhan 2019
🏆 Doha 2020
🏆 Madrid 2021
🏆 Madrid 2023
🏆 #Cincinnati 2024 pic.twitter.com/RaBjCPVkw1— ESPN Tenis (@ESPNtenis) August 19, 2024