(ФОТО) Премиер лига: Ван Нистелрој со победа дебитира на клупата на Лестер

Со победите на Лестер над Вест хем (3:1) пред своите гледачи и на Кристал палас на гости во Ипсвич (1:0) синоќа почна 14. коло во англиската Премиер лига.

Лестер на чија клупа дебитира новиот менаџер, Руд ван Нистелрој (48) со 13-те бода привремено скокна на 15. место, со два бода и една позиција зад Вест хем. Кристал палас е на 16. место со 12 бода.

Ипсвич остана претпоследен со девет бода, а Саутемптон е на дното со пет бода. Лидерот Ливерпул има 34 бода, девет повеќе од Арсенал и од Челси.

фудбалерите на Лестер ја прославија третата победа сезонава. Тие поведоа во втората минута со голот на клупската легенда, Џејми Варди. За 2:0 погоди Билал ел-Канус во 61-та, а на 3:0 Патсон Дака во 90. минута. Никлас Фулкруг во третата минута од дополнителното време ги постави конечните 3:1.

Втората победа на Кристал палас сезонава му ја донесе Жан-Филип Матета во 59 минута.

Вечерва играат: Њукасл – Ливерпул, Арсенал – Манчестер јунајтед, Манчестер сити – Нотигнем форест, Саутемптон – Челси, Евертон – Вулверхемптон и Астон вила – Брентфорд. Утре се среќаваат: Фулам – Брајтон и Борнмут – Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО