Министерство за спорт на Саудиска Арабија најави изградба на нов фудбалски стадион со капацитет од 92.000 гледачи, кој би можел да биде домаќин на големи меѓународни настани, вклучувајќи го и Светското првенство (СП) 2034 година.
Саудиското Министерство за спорт го претстави одобрениот дизајн на стадионот, кој треба да биде завршен во последниот квартал од 2029 година, соопшти државната агенција СПА.
Стадионот треба да служи како главна база на саудиската репрезентација и ќе биде дел од спортскиот комплекс кој ќе вклучува затворена спортска сала, олимписки базен и други објекти. Ќе го носи името по саудискиот крал Салман.
#SaudiArabia 🇸🇦 announced today the design of the new King Salman stadium in #Riyadh, which will be the new home of the Saudi National football team.
The 92.000 seats stadium is set to be completed in 2029 & will be part of Saudi's bid to host the 2034 #WorldCup pic.twitter.com/6ucYIeDiUu— World Stadiums 🏟 (@Worldstadium23) July 28, 2024
– Дизајнот беше избран меѓу неколкуте пријави од шест меѓународни компании, обезбедувајќи ги барањата на ФИФА, како и стандардите за одржливост и архитектонска извонредност, објави СПА.
Саудиска Арабија треба да биде домаќин на СП 2034 година, откако ниту една друга земја не се кандидира пред крајниот рок на ФИФА на крајот од минатата година.