(ФОТО) НБА лига: Јокиќ покрај Меџик на вечната листа!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите играчи во овој спорт, а тоа го потврди застанувајќи рамо до рамо со легендарниот Ервин Меџик Џонсон на листата на трипл-дабл ефекти! Јокиќ тоа го направи во поразот на неговиот тим Денвер нагетс од ЛА Клиперс, 126:122.

Јокиќ уште еднаш беше извонреден, одигра одличен меч, со трипл-дабл ефект, 28 поени, 14 скока и 11 асистенции, што не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.


Но, овој трипл-дабл има посебна тежина за Јокиќ, бидејќи му беше 138-ми во кариерата, со што се израмни со Меџик Џонсон на вечната листа на НБА. Пред Јокиќ (и Меџик) се само Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл, и Расел Вестбрук, сегашниот соиграч на Јокиќ, кој има 200 трипл-дабл ефекти во кариерата.

Она со што Јокиќ може да се пофали е и фактот што на 690 натпревари во НБА лигата стигна до 138-от трипл-дабл во кариерата, додека на Меџик му беа потребни дури 190 натпревари повеќе (880).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО