Новак Ѓоковиќ продолжува да пишува тениска историја буквално со секој меч. По победата над Ласло Ѓере, (6:4, 6:4, 2:0), тој собори нов рекорд!
Новак по првиот меч на САД Опен стана „кралот“ на „Артур Еш“ бидејќи има постигнато најмногу победи на најголемиот тениски стадион на светот, а по второто коло има нов, неверојатен рекорд.
За Новак тоа беше 90-та победа на САД опен, со што ја заокружи бројката од најмалку 90 победи на сите грен слем турнири и е единствениот во историјата на кого му успеало такво нешто.
9⃣0⃣ wins at every Grand Slam for Novak! pic.twitter.com/F9Wiy59a50
— US Open Tennis (@usopen) August 29, 2024
Новак има 94 победи на Австралија опен, 96 на Ролан Гарос, 97 на Вимблдон, и САД опен, моментално е на 90. Колку е ова големо достигнување говори и податокот дека никој друг не успеал да достигне до бројката 80 на сите грен слем турнири!
Роџер Федерер, на пример, не стигнал ниту до 80, бидејќи има 73 победи на Ролан Гарос, 102 на Австралија опен, 105 на Вимблдон и 89 на САД опен.
Рафаел Надал е уште полош во таа статистика, бидејќи освен на Ролан Гарос, на ниту еден друг грен слем нема забележано повеќе од 80 победи, 112 на Ролан Гарос, 77 на Австралија опен, 58 на Вимблдон и 67 на САД опен.