Гулјелмо Викарио (28), голманот на Тотенхем и на италијанската репрезентација, откри дека му се случило нешто неверојатно. Тој од болничкиот кревет изјави дека таму завршил бидејќи бил тешко повреден во 30-та минута од натпреварот против Манчестер сити, во кој неговиот клуб минатиот викенд победи на гости со 4:0.
„На Етихад одиграв 60 минути со скршен зглоб. Дадов апсолутно се’ за тимот. За жал, немаше начин да се избегне повредата. Ми требаше операција. Се гледаме наскоро на теренот”, објави голманот кој дојде во Тотенхем минатото лето од Емполи во трансфер вреден 18,5 милиони евра.
View this post on Instagram
Звучи неверојатно, не само што Викарио издржа толку долго на теренот со таква тешка повреда, туку и зашто и покрај тоа ја зачува мрежата незатресена, иако на другата страна ги имаше, пред сите, Ерлинг Халанд, најефикасниот сезонава во Премиер лигата.
Италијанскиот голман сега го чека тримесечна пауза, а неговото место во Тотенхем ќе го завземе Фрејзер Форстер или Брендон Остин.