(ФОТО) Бесните навивачите на Хајдук се обидоа да упаднат во ложата и да се пресметаат со клупските челници!

Сплитски Хајдук испадна од Европа. Во реваншот од третото коло од квалификациите за Лигата на конференции (ЛК), Хајдук загуби на Пољуд, со 0:1 (на првиот меч беше 0:0) од словачкиот Ружомберок и со тоа го пропушти четвртото прелиминарно коло.

Ова е шокантен резултат за Хајдук, чиј тим вреди речиси осумпати повеќе од Ружомберок. Според Трансфермартк, вкупната вредност на тимот на Хајдук е 50,5 милиони евра, а на Словаците 6,75 милиони.

Навивачите на Хајдук, очекувано беа многу разочарани по поразот, а дел од нив збеснаа и решија да се пресметаат со челниците на Хајдук. Неколкумина навивачи дојдоа до ложата на Пољуд и се обидоа да упаднат во неа!

Тие врескаа и навредуваа, фрлаа чаши кон претседателот Иван Билиќ и кон другите челници на Хајдук, се расправаа со припадниците на обезбедувањето и полицијата, но на крајот обезбедувањето ги задржа пред ложата, со што беше спречен поголем инцидент.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО