Фудбалскиот клуб Барселона следната сезона ќе носи специјално дизајнирани дресови. Тие ќе бидат своевидна посвета на познатиот НБА кошаркар, Коби Брајант кој трагично го загуби животот во јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа.
𝙊𝙁𝙁𝙄𝘾𝙄𝘼𝙇 💣
𝘽𝘼𝙍Ç𝘼 𝘼𝙒𝘼𝙔 𝙅𝙀𝙍𝙎𝙀𝙔 𝘼𝙉𝘿 𝙎𝙃𝙊𝙍𝙏𝙎
𝙆𝙊𝘽𝙀 𝘽𝙍𝙔𝘼𝙉𝙏 – 𝙈𝘼𝙈𝘽𝘼 𝘾𝙊𝙇𝙇𝙀𝘾𝙏𝙄𝙊𝙉 25/26▪️𝙉𝘽𝘼 𝙇𝙖𝙠𝙚𝙧𝙨 𝙙𝙚𝙨𝙞𝙜𝙣 𝙘𝙤𝙡𝙡𝙖𝙧 𝙖𝙣𝙙 𝙨𝙡𝙚𝙚𝙫𝙚𝙨 𝙘𝙪𝙩 𝙤𝙣 𝙩𝙝𝙚 𝙖𝙬𝙖𝙮 𝙟𝙚𝙧𝙨𝙚𝙮
▪️𝙏𝙝𝙚 𝙖𝙬𝙖𝙮 𝙨𝙝𝙤𝙧𝙩𝙨… pic.twitter.com/Qm65arpZkP
— fcbarcelonacollection.com (@memorabilia1899) December 12, 2024
На дресовите на шпанскиот клуб на гостувањата ќе стои неговиот познат знак „мамба“. На дресот ќе доминира жолтата боја која е еден од заштитните знаци на Лејкерс, а грбот на Барса ќе биде во виолетова и во црна боја, исто така направен по моделот на клубот во кој Брајант ги мина најубавите моменти во кариерата.
KOBE BRYANT X BARÇA AWAY KIT
MAMBA COLLECTION 25-26 ♾️ pic.twitter.com/kOxwxl2UnH— fcbarcelonacollection.com (@memorabilia1899) November 9, 2024