Формула 1 го продолжи договорот со ГП на Кина до 2030 година

Формула 1 најави продолжување на договорот со Кинеското ГП. Договорот е за период од пет години, со што трката во Шангај ќе остане во календарот на светскиот шампионат до сезоната 2030 година.

Оваа сезона трката за Големата награда на Кина во Формула 1 се одржа од 19 до 21 април. Победник беше холандскиот возач Макс Верстапен, претставник на Ред Бул.

Холанѓанецот веќе ја обезбеди шампионската титула оваа сезона, негова четврта во Формула 1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО