Фонсека удри по судиите: Немаат никаков почит кон Милан!

Милан вчера беше поразен од Аталанта со 2:1. Ова беше уште еден пораз на гигантот од Милано предводен од стратегот Пауло Фонсека кој по мечот во Бергамо не криеше дека е гневен и просто распали по судиите:

“Знам дека судењето е тешка работа, но судиите секогаш се против Милан. Едноставно немаат почит кон Милан. Здодевно е веќе да се гледа ова, секогаш и секоја одлука е на наша штета. И на овој меч како судеше судијата покажа дека нема почит и респект кон нашиот клуб. Гневен сум што морам да говорам за судиите, но ми се гади од тоа што го гледам секоја недела“ рече покрај другото стртатегот на Милан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО