Фонсека: Ендрик не е подготвен да ги одигра сите 90 минути

Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, зборуваше за адаптацијата на напаѓачот Ендрик, кој е позајмен од Реал Мадрид.

Бразилецот не е вклучен во составот за денешниот натпреварот со Монако на гостински терен.

– Ендрик е во добра физичка состојба, но не е подготвен да ги одигра сите 90 минути. Тој почна да тренира оваа недела и неговата адаптација оди многу добро. Тој е многу мотивиран. Беше добро примен од тимот, но Ендрик нема да игра против Монако, го цитира „Л’Екип“ Фонсека.

Се очекува новиот фудбалер на Лион да дебитира на 11 јануари против Лил во 1/16 финалето од Купот на Франција.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО