Фоден се врати во кампот на Англија по краткото отсуство

Англискиот офанзивен играч од средниот ред, Фил Фоден се врати во Германија, откако отпатува дома за да присуствува на раѓањето на своето трето дете.

Фоден (23) го напушти кампот на Англија поради, како што објави Фудбалската асоцијација (ФА), „итна семејна работа“. Фоден, кој има одиграно 37 натпревари за Англија, ги почна трите натпревари во групата на Европското првенство (ЕП).

Тимот на селекторот Герет Саутгејт заврши на првото место во групата Ц со пет бода од три натпревари. Во осминафиналето во недела (од 18 часот) во Гелзенкирхен, Англија ќе игра против Словачка

Во април, Фоден и неговата партнерка Ребека Кук објавија на Инстаграм дека очекуваат трето дете. Другите деца се синот Рони, пет, и ќерката Тру, која има две години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО