Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го критикуваше својот тим по синоќешниот пораз од Челзи.
Каталонскиот клуб загуби во Лондон со убедливи 3:0 во дуел од 5. коло во Лигата на шампионите.
– Го започнавме натпреварот многу добро и имавме можности да постигнеме гол први. Очигледно е дека Челзи е навистина добар тим. Не е лесно да се победи тука, посебно кога имате играч помалку цело полувреме. Пробавме сè. Се браневме како обединет фронт, но на крајот направивме премногу грешки. Тоа е сè што можам да кажам сега. Треба да анализираме сè. Мора да се подобриме. Важно е сега да стигнеме до следната рунда. Тоа е нашата цел. Ќе видиме, но одиме натпревар по натпревар. Следниот натпревар е против Франкфурт. Оптимист сум бидејќи сега имаме играчи кои се враќаат. Имаат уште три натпревари за играње и можност да се освојат девет бода, изјави Флик.
Челзи е петти во вкупниот пласман во Лигата на шампионите со 10 бода. Барселона падна на 15. место со пет бода.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: