Флик им дал посебна мисија на играчите пред интернационалната пауза

Барселона вчера беше крајно убедлива во првенствениот натпревар против Ваљадолид со 7;0.

Рафиња на оваа средба беше фантастичен, постигна хет трик, а стрелци во победата на Барселона против Ваљадолид беа уште и Левандовски, Кунде, Дани Олмо и Феран Торес.

Тренерот Ханси Флик по натпреварот истакна дека е горд на својата екипа на постигнатиот резултат, иако како одминуваше времето и постигнуваа голови, неговото лице изгледаше како да имаат негатива, а не како да водат со повеќе голови разлика.

– Ова е четврто коло и нашата цел беше да оствариме четири победи пред интернационалната пауза и играчите го исполнија тоа. Крајно сум среќен поради фановите и претставата која им ја дадовме на овој натпревар. Можам да кажам дека фановите кога сме низ градот, ни даваат посебна енергија и пофалби. Имаме добра атмосфера, во добар момент сме, менталитетот ни е добар, засега се е перфектно.

– Задоволен сум и горд, ситуацијата е добра за мене, фановите се среќни, но имаме уште многу работа пред нас. Се надевам дека сите репрезентативци со репрезентациите ќе ги добијат натпреварите, бидејки тоа ќе им даде дополнителна мотивација по враќањето во клубот. Изгледаме како едно големо семејство и поради тоа сум среќен, порача тренерот на Барса, Ханси Флик.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО