Филипс на позајмица во Ипсвич

Скапото засилување на Манчестер Сити, Келвин Филипс е на добар пат да ги напушти редовите на англискиот шампион.

Пеп Гвардиола, стратегот на „граѓаните“, јасно му порача на играчот од средниот ред кој пристигна од Лидс дека нема да смета на него во новата сезона.

Филипс, вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Вест Хем, но лондонскиот тим не беше воодушевен од неговите настапи и не сакаше да го откупи неговиот договор.

Сега Филипс најверојатно ќе замине на нова позајмица. Овој пат во Ипсвич, кој годинава влезе во Премиер лигата. Според договорот, половина од платата ќе ја добива во Ипсвич, а другата половина од Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО