Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) донесе одлука да го врати правилото кое долго време не се применуваше, а кое ќе важи при групната фаза на претстојните натпреварувања, вклучително и Светското првенство 2026.
Според новиот правилник: ако две или повеќе репрезентации завршат со исти бодови во групата, приоритет за пласман ќе има тимот кој има подобар резултат во директниот меѓусебен дуел („head‑to‑head“), наместо досегашната практика која прво го разгледуваше бројот на постигнати и примени голови (гол‑разликата).
Гол‑разликата ќе се користи само ако директните дуели не успеат да ја одредат позицијата на изедначените тимови.
Оваа промена ја зголемува важноста на секој директен натпревар во групата и ја стимулира борбеноста на тимовите, бидејќи резултатот од конкретниот дуел може да одлучи кој ќе продолжи понатаму, а не само вкупната гол‑разлика.
Правилото ќе важи на Светското првенство 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико, првото Мундијал натпреварување со 48 репрезентации.
Со враќањето на ова правило, ФИФА сака да го направи натпреварувањето пофер и поинтересно, со поголем акцент на директните дуели меѓу репрезентациите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: