Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес ги објави резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење, спроведено од агенцијата „Фјучар Инвест“ согласно европските стандарди за спортска аналитика и принципите на „UEFA Good Governance Framework“.
– Резултатите покажуваат дека 78% од испитаниците имаат висока или многу висока доверба во ФФМ, што претставува исклучително позитивен показател во контекст на јавните институции. Дополнителни 12% се со неутрален став, додека само 10% изразуваат ниско ниво на доверба. Овие податоци потврдуваат стабилен институционален кредибилитет и широка јавна поддршка, стои во објавата на ФФМ.
Висока е и поддршката за претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ:
– 89% ја оценуваат неговата работа како добра или многу добра
– 57% ја оценуваат лидерската способност како многу висока
– 52% сметаат дека обезбедува многу стабилно управување
– негативните оценки се под 2%.
Истражувањето е реализирано на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, преку телефонски и онлајн интервјуа во периодот од 15 ноември до 5 декември 2025 година. зс/
Фото:Архива
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: