ФФМ: Познати клубовите што добија лиценци за настап во еврокуповите

Оделнието за лиценцирање во рамките на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека за учество во УЕФА натпреварувања во сезоната 2024/25 се пријавиле вкупно 14 клуба од Македонија, во машка и во женска конкуренција.

Комисијата за лиценцирање им издаде лиценци на клубовите од Првата лига на Македонија (ПФЛМ), на Струга Трим Љум, Тиквеш, Работнички, Воска, Шкендија, Шкупи 1927 и на АП Брера (мажи). Без лиценци останаа Македонија ЃП, Силекс и Гостивар.

Кај жените лиценци за учество во УЕФА натпреварувања во сезоната 2024/25 добија Љуботен, Каменица Саса и Тиверија (жени). АСС Јунајтед се откажа од процесот на лиценцирање.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО