Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе отсуствува од терените наредните две недели поради повреда на мускулот на листот на десната нога, соопшти клубот.
22-годишниот играч ќе ги пропушти натпреварите од Ла Лига против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а под знак прашалник е и неговото учество во дуелот од Лигата на Шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
За тренерот Ханс Флик, отсуството на Лопез доаѓа во чувствителен период, кога тимот се обидува да одржи серија позитивни резултати и да се избори за врвот во шампионатот. Ова значи дека тренерот ќе мора да најде замена за младото крило, кое важи за еден од најталентираните играчи во тимот.
Се очекува Фермин да се врати на тренинзите и теренот по околу две недели, доколку процесот на опоравување се одвива според планираното.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: