Ферги стравува за своето здравје: Ако не го исполнам тоа, загрижен сум сериозно!

Легендарниот шкотски тренер Алекс Фергусон, признава дека е загрижен поради идна деменција со оглед на години.

Неговиот голем пријател и легенда на Јунајтед, Сер Боби Чарлтон, имаше деменција во последните години од животот, па токму од такво сценарио се плаши и стариот лисец.

Тој сега има 82 години и нормално е да стравува од такви работи.

– Сега сум во 82 година, нормално е да сум загрижен. Би ве лажел кога би рекол дека не размислам секој ден за деменција или Алцхајмер. Мојата меморија е се уште добра, но некои работи кои ми годат. Читам многу, а она што ми го разбиструва мозокот најмногу, се квизовите. Вклучувам Јутуб, наоѓам квизови со 100 прашања и одговарам на нив, ако не дадам 70% точни одговори на нив, тогаш сум загрижен за мојата состојба, открива Алекс Фергусон.

Тој на почетокот од 2018 година заврши на итна операција поради излив на крв во мозокот, но сега се чувствува добро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО