Роџер Федерер, сопственик на 20 Грен слем титули, гостуваше на Њујорк и на УС Опен. Петкратниот шампион во Њујорк кажа што мисли за „случајот Синер“.
„Ова е прилично непријатна ситуација. Тоа е ноќна мора за секој спортист и неговиот тим кога ќе се соочат со вакви обвинувања. Тоа не е она што сакаме да го видиме во нашиот спорт, без разлика дали тој направил нешто или не“, изјави Федерер.
Швајцарецот мисли дека Италијанецот не требало да игра во Њујорк, бидејќи ситуацијата околу тоа како недозволените супстанци завршиле во неговото тело е прилично нејасна.
-Апсолутно ја разбирам фрустрацијата на сите играчи, кои се незадоволни бидејќи Синер доби поинаков третман од сите други. Повеќето од нас веруваат дека Јаник не направил ништо лошо, но тој не треба да биде тука додека не биде 100 проценти сигурно што се случило. Тоа е прашањето на кое треба да добиеме одговор. Сега ситуацијата е таква каква пто е, ние мораме да им веруваме на сите вклучени во процесот, заклучи Федерер.