Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, по долго време би можел да му се врати на теренот.
Ова го соопшти менаџерот на Роџер, Тони Годсик, кој изјави дека Швајцарецот би можел да учествува во егзибициски меч против Рафаел Надал, што би било збогување на легендарниот Шпанец со активниот тенис.
„Мислам дека нема дилема околу тоа. Роџер и Рафа сакаат да работат заедно и тоа би била одлична приказна”, изјави Годсик.
Последен пат Надал и Федерер одиграа егзибициски меч во 2020 година, кога приредија встински спектакл во Јужна Африка.