Американскиот атлетичар, Квинси Хол во неверојатен финиш успеа да дојде до златото во трката на 400 метри на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Американскиот атлетичар заостануваше, но во последните 100-на метри истрча неверојатно и успеа во фото-финиш да го победи Метју Хадсон-Смит од Велика Британија кој во последните неколку метри ја испушти победата.
Хол ја истрча делницата за 43,40 секунди што беше негово најдобро време, за златен медал, со четвртото најдобро време во историјата на оваа делница. Метју Хадсон-Смит имаше време од 43,44 секунди, а бронзата заврши кај Музала Самконга од Замбија со време од 43,74 секунди.