Тренерот на Вест хем, Жулен Лопетеги рече дека голманот, Лукаш Фабијански, бил свесен и разговарал со него откако беше изнесен на носилки од теренот во првото полувреме од натпревар во Саутемптон (0:1), откако се судри со ривалскиот играч.
Дефанзивецот на домаќините, Нејтан Вуд налета на полскиот голман откако овој веќе расчисти една фрлена топка пред неговиот гол во 29. минута. Вуд доби жолт картон поради невнимателниот потег, а Фабијански по седум минути асистенција беше изнесен од теренот на носилки.
Фабијански имаше маска за кислород на лицето, а Лопетеги потврди дека не бил однесен во болница, туку останал на стадионот „Сент Мери“.„ Тој доби силен удар во пределот на главата, и не беше многу сигурен за своите постапки. За среќа, веста е дека зборува, буден е, и е свесен.
Разговарав со него. Лекарите велат дека се чувствува подобро. Јас сум позитивен. Покажа дека, повеќе или помалку, целосно се вратил во нормална состојба. Бев исплашен, но сега тој е подобро и тоа е позитивно“, , изјави Лопетеги.