Фудбалерите на Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе се сретнат веќе во третото коло од ФА купот, беше одлучено на синоќешната ждрепка.
Третото коло всушност е прво во кое се вклучуваат најсилните, тимовите од Премиер лигата и од Чемпионшип, а ждрепката реши да се сретнат најуспешните во ова натпреварување, Арсенал (14 куп титули) и Манчестер јунајтед (13), како и Астон вила и Вест хем.
Манчестер сити добро мина, ќе му биде домаќин на нисколигашот Салфорд, исто како и Ливерпул кој го пречекува Акрингтон, додека Челзи го чека Моркамб.
Натпреварите од третото коло во ФА купот се закажани за 10, 11, 12 и 13 јануари 2025-та. Трофејот го брани Манчестер јунајтед кој во финалето во мај го совлада Манчестер сити со 2:1.