Ф1: Собра 12 казнени поени и ќе паузира на следната трка

Кевин Магнусен, 31-годишниот Данец, пилотот на Хас, суспендиран е на една трка во Формула 1 (Ф1) откако на трката во Монца минатиот викенд, собра 12 казнени поени.

Магнусен беше казнет за предизвикување судир со Пјер Гасли (Алпин), бидејќи судиите оценија дека тој е единствениот виновен за контактот затоа што  „не возел на безбеден и контролиран начин за време на маневарот“.

Искусниот Данец смета дека не ја заслужил казната, но не можеше да ја избегне. Покрај 10-те секунди додадени на неговиот резултат на крајот, со кои сепак освои бод како 10-то пласиран, тој доби и два казнени бода кои му се впишуваат на возачката супер дозвола.

Бидејќи правилата велат дека секој што ќе собере 12 поени во период од 12 месеци автоматски добива суспензија за една трка, таа судбина го снајде Магнусен.

Данецот ќе ја пропушти трката во Азербејџан на 15 септември, но на негово место може да дојде заменик возач. Иако Хас сè уште не потврдил, тоа сигурно ќе биде младиот Англичанец, Оливер Берман, кој дебитираше за Ферари на почетокот од сезоната, како замена за Карлос Саинц, кој итно беше опериран.

Бирман веќе е потврден како еден од постојаните возачи на Хас за следната сезона, па логично е тој сега да биде турнат во оган.

Инаку, минаа 12 години откако последниот возач во Ф1 бил суспендиран на една трка. Тоа му се случи на Французинот, Ромен Грожан беше испратен „на се ладење“ на следната трка поради предизвикување масовен судар во Белгија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО