Евролигата воведува „селари-кап“ за платите на играчите

Кошаркарската Евролига најави нов финансиски систем кој ќе стапи на сила во сезоната 2027/28.

Почнувајќи од сезоната 2027/28, тимовите во Евролигата ќе бидат обврзани да трошат најмалку 32% од приходите што ги акумулираат во текот на двегодишен период.

Ќе биде воведен и данок на луксуз за клубовите што ќе трошат повеќе од дозволеното, како и „селари кап“ (горна граница за платите на играчите), кој ќе биде тесно поврзан со прописите за финансиска стабилност и ферплејот.

Системот ќе вклучува следење на приходите од три главни извори: приходите од натпревари, реклами и „други“ приходи, кои сè уште не се целосно дефинирани.

Клубовите што ќе потрошат повеќе од дозволеното ќе мора да им платат компензација на тимовите што ги почитуваат овие правила.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО