Евролига: Барселона поразена од Звезда, Партизан триумфираше над Фенер

Двата српски клубови Црвена Звезда и Партизан остварија големи победи над Барселона, односно Фенербахче на вечерашните натпревари од 18. коло во Евролигата.

„Црвено-белите“ за прв пат во својата историја ја совладаа Барселона на нејзин терен со 78:74. Тројката на Давидовац на 19 секунди до крајот се покажа како клучна за славјето на Звезда кое потоа беше потврдено со погоденото слободно фрлање на Недовиќ.

Петрушев со 17 и Калиниќ со 12 поени беа први стрелци, Мету кај домаќините реализираше 16 кошеви.

Партизан пак пред своите гледачи го реши Фенербахче со 90:81 и сега има учинок 8-10 во Евролигата. Домаќините беа на повисоко ниво, најрасположен за игра беше Вашингтон со 27 поени.

Ти-Џеј Шортс пак уфрли 14 поени и забележа 4 асистенции во поразот на Париз во соочувањето со Басконија од 94:81. Трумфи забележаа уште Панатинаикос и Виртус Болоња.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО