Евролига: Барселона по три продолженија ја победи Басконија, Партизан декласиран во Каунас

Во еден од најинтересните натпревари во историјата на кошаркарската Евролига, Барселона синоќа на домашен терен ја победи Басконија дури по три продолженија.

Предводник до триумфот на каталонскиот великан беше Кевин Пантер со 43 постигнати поени.

На гостувањето во Каунас кај Жалгирис, тимот на Партизан го претрпе еден од најтешките порази од своето постоење.

Резултати на натпреварите од 17. коло на Евролигата одиграни синоќа:

Анадолу Ефес – Дубаи 76:80

Жалгирис – Партизан 109:68

Монако – Баерн 103:77

Олимпијакос – Асвел 107:84

Барселона – Басконија 134:124 (по три продолженија)

Црвена ѕвезда – Виртус Болоња 90:89.

На првите две места во поредокот се Хапоел Тел-Авив и Барселона со биланс 12-5 (победи-порази).

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО