Евроголот не го спаси Овиедо од пораз против Барселона

Фудбалерите на Барселона победија како гости кај Реал Овиедо со 3:1 во шестото коло од Ла Лига, по пресвртот во второто полувреме.

Стрелец на голот за тимот на Вељко Пауновиќ беше Алберто Реина во 33-та минута, од речиси половина терен, по глупоста на голманот на Барса, Жоан Гарсија, кој скапо плати за ноншалантната игра на околу триесет метри од својот гол.

Тој беше строго казнет.

Во вториот дел апсолутната доминација Барселона ја крунис со три гола. Ерик Гарсија изедначи во 56., Левендовски го комплетира пресвртот во 70., а точка на мечот стави Араухо во 89-та минута.

Барселона ја забележа петтата победа во сезоната, се наоѓа на второто место со два бода помалку од Реал. Овиедо е 18-ти на табелата со три бода.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО