(ФОТО) Евенепул прв велосипедист со две злата на исти ОИ

Белгиецот, Ремко Евенепул забележа доминантна победа на друмската велосипедска трка и го освои вториот златен медал на Олимписките игри (ИО) во Париз. Првиот го освои во трката на хронометар пред седум дена.

Светскиот шампион од 2022 година стана првиот велосипедист кој победил на двете трки на исти ОИ. Евенепул (24) се издвои од пелотонот и нападна во последните 40-на километри, наметнувајќи силно темпо на претпоследното искачување, на 15 километри до крајот што ривалите не успеаја да го следат.

Но, пред целта, во последните четири километри, Белгиецот имаше пех, мораше да го менува велосипедот, но веќе имаше значително водство и без проблеми стигна до победата.

Тој целта за мина со предност од 1,11 минута пред Французинот Валентин Мадуас кој го освои сребрениот медал, а како трет со бронза се закити уште еден Французин, Кристоф Лапорт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО