Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс, не крие дека е задоволен што ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“.
– Секогаш е чест да се игра за овој голем клуб и да се чувствува поддршката од нашите неверојатни навивачи. Беше чест да се вратам во клубот во изминатата кампања. Имаме одличен тренер и верувам во успешна сеона – вели 36-годишниот играч.
Дефанзивецот во последната сезона се појави на 30 натпревари во сите конкуренции.